Сомнеж за прв случај на Зика во Македонија, се прават дополнителни анализи во странство
Со дополнителни анализи во странство ќе се проверува, дали тримесечно бебе од Дојран има вирус на Зика. На Детската клиника било донесено пред две ипол недели по препорака од струмички педијатар, но и со аномалија во делот на черепот. Постојат индиции дека мајката била касната од комарец...

За десет дена ќе се знае дали микроцефалијата кај тримесечното бебе од Дојран е предизвикана од вирусот Зика. Направените анализи биле негативни на сите други причинители на микроцефалија. На Клиниката за детски болест било хоспитализирано на 7-ми март, по препорака на матичниот лекар од Струмица. Малиот череп и неговата развиеност го поттикнале на сомнение. Бебето една недела било испитувано на скопската клиника.
„Таа микроцефалаија е кога мајката во текот на беременоста прележала некој вирус. Земени се предвит сите анализи, рутинските покажаа дека не се работи за рутински вируси кои знаат да предизвикаат микроцефалија. Направивме останати анализи кои покаажаа дека нема други анамолаии, освен на чрепеот, што е во корелација со она што се знае за овој вирус. Се чекаат резулатите на Денга и Зика“, изјави проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје.
Според резулатите, мајката имала уредна бременост, а ова ѝ е второ дете.
„Мајката е од Дојран, треба да размислиле што и како е, да превземеме ако се потврди случајот. А патувала и во Грција во првите три месеци од беменоста, кога е развојниот период на мозок и на другите органи“, вели д-р Софијанова.
Според Софијанова, овој вирус е новина и во светот, но треба да се работи на едукација и подигање свесноста кај населението. Лекарите во последно време многу ретко се среќаваат со микроцефалија за разлика од порано, кога почесто се раѓале деца со анмолаии како последица на вирус.
Наташа Јанчиќ
