Продолжуваат спротивставените ставови за извештајот на СЈО
25.03.2016 13:08
Сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не реши да почне дебата за извештајот на Јанева, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на комисијата- велат од партијата.

Уште едно одложување на Комисијата за политички систем за извештајот на Специјалното јавно обвинителство.
Сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не реши да почне дебата за извештајот на Јанева, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на комисијата- велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека е неопходно Јанева да го образложи извештајот, потсетувајќи дека функционерите даваат отчет за нивната работа во Законодавниот дом.
