Продолжена кризната состојба на јужната и северната граница
Продолжува ангажманот на Армијата како асистенција на полицијата, која се грижи за безбедноста. ДУИ гласаше против...

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната ситуација на дел од јужната и северната граница до 3-ви декември годинава. Продолжува ангажманот на Армијата како асистенција на полицијата, која се грижи за безбедноста. ДУИ гласаше против.
Како што образложи минситерот за одбрана Зоран Јолевски рече дека Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба е поради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на Република Македонија а врз основа на Предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
