Македонските специјалци реализираа заедничка вежба со специјалната оперативна команда на САД

28.03.2016 15:21

Сценариото опфаќа реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи. Од закани од минско- експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности за справување со ситуацијата...

Македонските специјалци се пробраа со американските колеги. Реализираа заедничка тактичка вежба со специјалната оперативна команда на САД во Европа, како дел од обуката за македонските безбедносни сили.

Сценариото опфаќа реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи. Од закани од минско- експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности за справување со ситуацијата.

Од МВР информираат дека оваа обука континуирано ќе продолжи да се споведува согласно програмата за работа и обука на специјалните сили при МВР во соработка со Амбасадата на САД.