Аневски: Ако Јанева да не даде појаснување, Советот ќе одговори негативно на нејзините барања

28.03.2016 16:33

Претсдатетелот на Советот на јавни обвинители, Аневски вели дека специјалната обвинителка Катица Јанева в среда мора да се појави на нивната седница и да даде појаснување од каде ја црпи надлежноста за случаите за кои претходно објавила дека преминуваат во нејзина надлежност.

Негативна оценка за извештајот од полугодишната работа на Специјалносто обвинителство, од Советот на јавни обвинители. Засега детали не соопштија, ќе достават во наредните денови.

Претсдатетелот на Советот, Аневски вели дека специјалната обвинителка Катица Јанева в среда мора да се појави на нивната седница и да даде појаснување од каде ја црпи надлежноста за случаите за кои претходно објавила дека преминуваат во нејзина надлежност. Аневски рече - ако Јанева да не даде појаснување, Советот ќе одговори негативно на нејзините барања.

„Мора да дојде, а доколку не дојде ќе ни ја олесни работата и ќе донесеме негативна одлука, бидејќи ние немаме податоци од кај ја црпи надлежноста, односно веројатноста за нејзината надлежност“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Советот ќе испрати писмо во кое од Јанева да го образложи секое барање одделно.

„Ќе треба да даде релевантни податоци од каде го црпи нејзиното барање за воспоставување на стварната надлежност на предметите, од што произлегува и кои се тие околности дека истите се поврзани и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите“, вели Аневски.

Специјалната обвинителка Јанева објави дека воспоставила надлежност врз предметите во јавноста познати како „Маџар телеком“, „Шпион“ како и оние врзани за семејството Верушевски.

 

Анита Димитријевска