Нов оглас за закуп на „Џумајлија“
Објавен е новиот оглас за давање под закуп на земјиштето од некогашниот светиниколски комбинат „Џумајлија“. Понудени се 2.060 хектари во две географски целини кои не се доделија на претходното електронско јавно наддавање...

Со површините на „Џумајлија“ во Свети Николе од 2.060 хектари, на огласот се понудени и 155 хектари државно земјиште под закуп во Радовиш.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а закупот е од 15 до 30 години во зависност од културата што ќе се одгледува.
Правните лица треба да достават бизнис план за намената за која ќе се користи земјиштето, технологијата и бројот на вработените.
Услов за учество во постапката за двете геогравски целини што се огласени во Свети Николе е понудувачите во рок од 4 години да инвестираат минимум 2 милиони евра со почетната цена на закупнината од 75 односно 91.000 евра годишно.
Рокот за пријавување е 60 дена од објавувањето на јавниот оглас.
Методија Трајков
