Јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловиштата
Објавен е јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловиштата. Огласени се 5 ловни реони во 3 општини. Во Струга, во Делчево и во Кочани.

Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години во зависност дали се работи за ситен или за крупен дивеч.
Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат условите во тендерската документација.
Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите.
Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до 25 април 2016 година.
За најповолен понудувач се смета учесникот со највисоката цена дадена за концесијатаза дивечот во ловиштето.
Обврска на корисникот е да инвестира во ловиштето и во животните и да формира ловочуварска служба.
Методија Трајков
