Нова библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија
Во Археолошкиот музеј на македонија е отворена библиотека на фондацијата „Кирил Трајковски“. Збогатена е со ретки книги, повеќето од областа на археологијата, од кои најголемиот број ќе бидат во дигитална форма...

Новата библиотека на британската фондација „Кирил Трајковски“ содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади публикации во дигитална форма. Треба да придонесе во едукацијата на младите генерации археолози и стручни лица, да ги надградуваат своите сознанија за наследството на нашите простори.
Дигиталниот библиотечен материјал изобилува со научни трудови од Европа и од земјите на Балканскиот Полуостров, од повеќе области: археологија, историја на уметност, музеологија, конзервација, антропологија, епиграфија, нумизматика, архитектура.
Бројката на дигитален материјал во јуни ќе биде надополнета со уште 40.000 нови селектирани и значајни книги и публикации во дигитална форма, а до крајот на годинава вкупниот фонд ќе изнесува 100.000 дигитални дела.
Александра Перевска
