Априлијада 2016: Одбележан меѓународниот ден на шегата
По повод Денот на шегата 1-ви април, на плоштадот „Македонија“ се одржа традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“...

Шарени маски, насмеани детски лица, музика и танц. Вака беше денеска низ улиците на Скопје. Дефилираа принцези, лекари, пирати, вештерки и ликови од цртаните филмови. Најмладите го одбележаа први април - денот кога можат да влезат во светот на бајките и да бидат што ќе посакаат.
На плоштадот „Македонија“ се одржа традиционалната манифестација „Скопје се смее“ за децата од градинките и од основните училишта.
На првиот ден од месец април, се одбележува Меѓународниот ден на насмевките, шегата, забавата, но никој со сигурност не може да потврди како и кога почнал да се празнува.
На повеќе локации ќе се одбележува Меѓународниот ден на шегата. Вечерва на плоштадот „Македонија“ ќе има ноќна забава и маскенбал за повозрасните, со настап на познати музичари, групи и диџеи. Комични арии, увертири, дуети и хорски нумери најави и Македонската опера и балет.
Александра Перевска
