Министерот Попоски на средби во ЕК, Даниелсон утре доаѓа во Скопје
Теми на разговорите- македонските евроинтеграции, во контекст на извештајот на Европската комисија, но и предизвиците поврзани со мигрантската криза.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во Брисел на средби со претставници на Европската комисија и со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Теми на разговорите- македонските евроинтеграции, во контекст на извештајот на Европската комисија, но и предизвиците поврзани со мигрантската криза.
Според информациите, Даниелсон утре доаѓа во Скопје, два дена пред распуштањето на Собранието. Според најавите, ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписници на договорот од Пржино и со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
