Втор конкурс за 2016 година за нови композиции според Законот за поддршка на домашната музичка продукција
Јавното радиодифузно претпријатие Македонската радио-телевизија распишува конкурс од вториот квартален циклус за 2016 година за создавање нови композиции од Законот за поддршка на домашната музичка продукција.
Конкурсот се распишува на 1 април 2016 година и трае 90 дена.
Со цел за поттикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија Скопје со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година финансира создавање на 200 нови вокално – инструментални композиции, од кои 150 се од областа на забавната и народната музика, а 50 се детски композиции.
Со средства од Буџетот на Република Македонија, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија - Скопје финансира создавање нови композиции во следниве категории:
1) „таленти“ - 10 композиции годишно;
2) „афирмиран изведувач“ - 20 композиции годишно;
3) „истакнат изведувач“ - 35 композиции годишно;
4) „врвен изведувач“ - 37 композиции годишно;
5) „ѕвезди“ - 28 композиции годишно;
6) „композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“ - 10 композиции годишно;
7) „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“ - 10 композиции годишно и
8) „детски композиции“ - 50 композиции годишно.
При изборот за финансирање на композициите се води сметка за соодветната и правичната застапеност на заедниците што живеат во Република Македонија.
Конкурс за создавање нови композиции
Право на учество на конкурс
Право на учество на конкурсот од овој Закон има изведувач - државјанин на Република Македонија, со композиција создадена од автори државјани на Република Македонија, а која претходно не е јавно изведена.
Изведувачот на конкурсот доставува барање што ги содржи следниве податоци за:
А) изведувачот:
- име и презиме на изведувачот,
- адреса и
- телефон/мобилен телефон/електронска пошта;
Б) авторите на композицијата:
- име и презиме на авторот на музиката,
- име и презиме на авторот на текстот и
- име и презиме на авторот на аранжманот;
В) за продуцентот на аудиозаписот и за продуцентот на видеозаписот:
- назив и седиште на продуцентот и
- име и презиме на одговорното лице во правното лице;
Г) композицијата:
- жанр на музиката за која се поднесува барање (народна или забавна музика) и
- времетраење на композицијата и
Д) категоријата за која се поднесува барањето.
Право на учество на конкурсот во категоријата „детски композиции“ има еден од авторите на композицијата со композиција која претходно не е јавно изведена.
Учесникот на конкурсот (изведувачот, односно авторот) во прилог на барањето ја доставува и следнава документација:
- извод за државјанство на Република Македонија за авторот на музиката, авторот на текстот и авторот на аранжманот,(во оргинал или нотарски заверен препис)
- извод за државјанство на Република Македонија за изведувачот, (во оргинал или нотарски заверен препис)
- извод од Централниот регистар на Република Македонија за регистрирана дејност за продуцентот на аудиозаписот и за продуцентот на видеозаписот, (во оргинал или нотарски заверен препис)
- склучен преддоговор или договор со авторот на музиката, авторот на текстот, авторот на аранжманот, продуцентот на аудиозаписот и продуцентот на видеозаписот на композицијата за која поднесува барање на конкурсот. Доколку изведувачот е автор на музиката, односно на текстот, односно на аранжманот, треба да достави изјава дека тој е автор на музиката, односно автор на текстот, односно автор на аранжманот,
- изјава од авторот на музиката, авторот на текстот и авторот на аранжманот дека доставената композиција не била претходно изведена,
- композиција напишана во два идентични клавирски изводи со испишан хармониски текст и три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик, со кирилско писмо, односно на јазикот на заедниците, како и демоснимка или финална снимка на композицијата и
- за категоријата „детски композиции“ потребно е да се достави и претходна писмена согласност од сите членови на авторскиот тим, односно продуцентот на аудиозаписот.
- Изјава за веродостојност на податоци (нотарски заверена)
Изведувачот кој конкурира во категоријата „ѕвезди“ на конкурсот не доставува во прилог композиција напишана во два идентични клавирски извода со испишан хармониски текст и три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик со кирилско писмо, односно на јазикот на заедниците, како и демоснимка или финална снимка на композицијата.
Еден изведувач може да конкурира на конкурсот во една категорија со неограничен број композиции.
На конкурсот нема да бидат поддржани композиции со текстови со кои се промовира говор на омраза, кршење на човековите права или се заговара употреба на дрога, алкохол и коцка.
Потребните документи за учество на конкурсот да се доставуваат или да се испраќаат на адресата:
ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА
Бул. Гоце Делчев б.б.
1000 Скопје
(СО НАЗНАКА) „Учество на конкурс за создавање нови композиции”
На пликот да се назначи категоријата за која се аплицира.
(За изведувачите кои да ги доставаат апликациите преку архивата на МРТ, архивата работи секој ден од 8:00 часот до 16:00 часот)
Повеќе информации за начинот на изведба и финансирање во Законот за поддршка на домашна музичка продукција на интернет страницата на МРТ www.mrt.com.mk