САД го поздравија примирјето во Нагорно Карабах
06.04.2016 13:55
Портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер соопшти дека САД го поздравуваат тоа што двете страни го потпишале примирјето, додавајќи дека сад активно се ангажираат за да им укажат на завојуваните страни да се придржиуваат до договорот.

Соединетите Американски Држави го поздравија примирјето кое стапи на сила во Нагорно Карабах, по ескалацијата на насилството во претходните денови.
Портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер соопшти дека САД го поздравуваат тоа што двете страни го потпишале примирјето, додавајќи дека сад активно се ангажираат за да им укажат на завојуваните страни да се придржиуваат до договорот.
Во меѓувреме, Ројтерс објави дека ерменските сили го прекршиле примирјето во Нагорно Карабах 115 пати во последните 24 часа.
