Савченко почна штрајк со глад и жед
06.04.2016 15:29
Таа бара да биде вратена во Украина. Тврди дека не е виновна, но одби да ја обжали пресудата изјавувајќи дека не го признава авторитетот на рускиот правен систем.

Украинскиот пилот Надја Савченко, којашто рускиот суд ја осуди на 22 години затвор поради убиството на двајца руски новинари, почна штрајк со глад и со жед.
Таа бара да биде вратена во Украина. Тврди дека не е виновна, но одби да ја обжали пресудата изјавувајќи дека не го признава авторитетот на рускиот правен систем.
Савченко која стана национален херој во Украина и е избрана како член на парламентот во отсуство моментално се наоѓа во притворска единица во Јужна Русија.
Нејзиниот случај предизвика остри реакции од ЕУ и од Вашингтон кои побараа нејзино ослободување.
