Груевски: Анкетниот лист го доставив до ДКСК во законскиот рок
06.04.2016 15:35
Ја повикува јавно Државната комисија за спречување на корупција на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него.

Согласно обврските, во законски предвидениот рок, уште на 08.02.2016 година до Државната комисија за спречување на корупција го доставив анкетниот лист, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во врска со тврдењата дека недостасува негов анкетен лист.
Ја повикува јавно Државната комисија за спречување на корупција на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него.
