Полагање на стручен испит за физичко обезбедување
06.04.2016 15:22
Во врска со обврската од чл.24-б, ст.5. од Закон за приватно обезбедување (Сл.весник на РМ бр. 166/2012, 164/2013, 148/2015, 193/2015):
„Кандидатите за полагање на испитите од ставот (4) на овој член и јавноста се информираат за датумот и времето на полагањето на стручните испити, најмалку осум дена пред одржување на испитите преку веб страницата на Министерството за внатрешни работи и Јавниот радиодифузен сервис.”
Комората на РМ за приватно обезбедување организира полагање на стручен испит за физичко обезбедување, кое ќе се одржи на 15.04.2016 година, со почеток во 16.00 ч.