Сириски воен злосторник уапсен во Германија

07.04.2016 10:49

41-годишниот маж, идентификуван како Ибрахим Ал Ф., бил уапсен во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Се товари дека лично физички малтретирал двајца цивили.

Осомничен сириски воен злосторник кој раководел со локална милитантна група поврзана со бунтовничката Сириската слободна армија е уапсен во Германија.

41-годишниот маж, идентификуван како Ибрахим Ал Ф., бил уапсен во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Се товари дека лично физички малтретирал двајца цивили.

Постои сомнеж дека мажот во сирискиот град Алепо командувал со локална вооружена формација составена од најмалку 150 лица.