Три компании од САД го тужат Фолксваген

07.04.2016 11:43

Компаниите поднесоа тужба во окружниот суд во Чикаго тврдејќи дека автомобилскиот концер ги измамил што довело до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи.

Три американски компании поднесоа тужба против германскиот производител на автомобили Фолксваген за првпат од почетокот на скандалот со изманипулираните резултати за емисијата на штетни гасови.

Компаниите поднесоа тужба во окружниот суд во Чикаго тврдејќи дека автомобилскиот концер ги измамил што довело до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи.

Велат дека имаат складирано голем број дизел автомобили кои не можат да ги продадат.