Могерини: Политичките партии да работат заедно за обезбедување кредибилни избори

08.04.2016 10:40

Во писмената изјава, исокиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Федерика Могерини нагласува дека имплементацијата на договорот од Пржино и приоритетните реформи се од суштинско значење...

Политичките партии во Македонија заедно да работат за создавање услови за веродостојни избори што е во интерес на државата и на граѓаните, повика високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Федерика Могерини.

Во писмената изјава нагласува дека имплементацијата на договорот од Пржино и приоритетните реформи се од суштинско значење.

Заедно со САД ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во наредните клучни недели, вели Могерини.