Ахмети: ДУИ ќе учествува на изборите на 5-ти јуни
08.04.2016 10:43
Ахмети го повика лидерот на СДСМ, Заев да го промени ставот и да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија...

ДУИ ќе учествува на изборите на 5-ти јуни, бидејќи друга алтернатива нема, вели претседателот на партијата, Али Ахмети. Го повика лидерот на СДСМ, Заев да го промени ставот и да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија.
Во периодот што следи, Ахмети е сигурен дека ќе има контакти со олеснувачи и помагачи на договорот од Пржино. Потенцира дека треба да се почитува договорот, што ќе значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5-ти јуни.
Лидерот на интегративците смета дека не е неопходна лидерска средба и дека на потег се меѓународните претставници.
