Македонија доби графички регистар на градежно земјиште
Во регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставена од општините.

Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Почнувајќи од денес овој регистар е достапен за професионалните корисници, институциите, општините и геодетите, а од јуни ќе биде достапен и за граѓаните и бизнис заедницата.
Во регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставена од општините. Од Катастар апелираат до општините кои не доставиле урбанистички планови да го сторат тоа во најкус можен рок.
Бенефит од оваа нова алатка на Катастарот ќе имаат сите инволвирани страни почнувајќи од планерите до општините и граѓаните. Со него се овозможува брз и едноставен пристап во секое време до урбанистичката планска документација, следење на реализацијата на урбанистичките планови, како и можност граѓаните во секое време да видат што е планирано да се гради на нивната парцела.
