Ново одложување на случајот „Ровер“
Скопска Апелација двапати ја укинуваше првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Во Кривичниот суд повторно е одложено судењето на екс- министерот за внатрешни Бошкоски во случајот „Ровер“. За него не е одредена мерка притвор.
Скопска Апелација двапати ја укинуваше првостепената пресуда, поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба. Судијата што ја води постапката, кажа дека ја известил управата на затворот „Идризово“ дека случајот „Ровер“ не е пречка, Бошкоски предвреме да биде пуштен од затвор, кадешто ја издржува казната за случајот „Кампања“.
Директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, вели дека судијата што го води случајот „Ровер“, се меша во надлежностите на затворската управа. Во реакцијата додава дека, тој никого со сила не упатил во затвор, ниту пак може да го ослободи.
