Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ

08.04.2016 14:28

На прашањето за која партија би гласале на изборите на 5-ти јуни, 39,2 насто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,9 проценти за СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ, покажала анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“. На прашањето за која партија би гласале на изборите на 5-ти јуни, 39,2 насто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,9 проценти за СДСМ.

39,5 насто од анкетираните најголема доверба од македонските политичари имаат во Никола Груевски, а 7,3 насто веруваат во Зоран Заев. Телефонската анкета е спроведена во периодот меѓу 30 март и 2 април годинава на 1.275 испитаници.

Бидејќи целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во државава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии, информираат од институтот „Димитрија Чуповски“.