Чавков: МВР функционира нормално
Работите треба да се вратат во претходна состојба. Заменик- министерот Чавков тврди дека МВР нормално функционира.

По објавувањето во службен весник, од денеска, одлуката за суспендираните решенија на министрите за внатрешни и за труд и социјална политика станува правосилна. Работите треба да се вратат во претходна состојба. Заменик- министерот Чавков тврди дека МВР нормално функционира.
Министерството функционира нормално бидејќи овластувањата и надлежноста на министерот не се доведени во прашање туку доведени се во прашање со одлука на Влада само оние незаконски решенија и акти што тој ги има донесено од ноември минатата година досега, изјави Чавков, кој присуствуваше на пуштање нов објект на полициското одделение во општина Јегуновце.
Чавков поосчи дека вчера упатил телеграма до директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање со кои ги информирал за владината одлука врз основа на која се поништени сите незаконски решенија.
