„Едукативен автобус“ за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот

12.04.2016 15:35

Учениците од основното училиште „Братство“ во Општина Карпош денеска беа во сообраќајна едукативна обиколка низ улиците на Скопје во рамките на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, преку проектот „Едукативен Автобус“. Проектот е организиран од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ЈСП, и Авто-мото сојузот на Македонија.

Преку проектот „Едукативен автобус“,  децата од најмала возраст ќе се запознаваат со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи. Целта е да се зголеми нивната безбедност.

Сите училишта кои се заинтересирани да се вклучат во овој проект може да се обратат во Републичкиот сојуз за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Изминатата година 144 луѓе го загубиле животот во сообраќајни несреќи. Меѓу жртвите, 9 деца на возраст до четири години и 13 на возраст меѓу пет и 18 години.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска