М-НАВ: Не е регистрирано нарушување на македонскиот воздушен простор
14.04.2016 13:01
Неколку грчки авиони и 4 хеликоптери, изутрината во 10.30 часот во три наврати надлетувале над границата, над импровизираниот камп.

По веста за нарушување на македонскиот воздушен простор од грчки воени авиони на јужната граница кај гевгелија, од Македонски навигации информираат дека досега не регистрирале навлегување на воздухопловите на наша територија.
Неколку грчки авиони и 4 хеликоптери, изутрината во 10.30 часот во три наврати надлетувале над границата, над импровизираниот камп.
Според грчки извори, станува збор за воената вежба „Бура“, на грчката армија, за да се изврши притисок врз бегалците за нивно прераспределување во подготвените кампови во Грција.
