Притвор за битолчанецот што го уби татка си
18.04.2016 12:15
По спроведената истрага, утврдено е дека на убиството му претходела расправија, по што на 15-ти април околу 21 часот синот го убил својот 82 годишен татко во семејната куќа.

Синот којшто го претепа татка си до смрт ќе одговара за убиство, информираат од Основото јавно обвинителство.
По спроведената истрага, утврдено е дека на убиството му претходела расправија, по што на 15-ти април околу 21 часот синот го убил својот 82 годишен татко во семејната куќа.
Смртта ја констатирал лекар на итната медицинска помош. Судија на претходна постапка на 55 годишниот битолчанец му одреди притвор.
