ДИК го објави роковникот за изборните дејствија

18.04.2016 13:01

Според агендата, јавниот увид во избирачкиот список почнува на 25-ти април и трае до 9-ти мај. Листите на кандидати предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до 11-ти мај на полноќ.

ДИК официјално го објави роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни. Заклучно со денеска, ДИК треба да достави барање до Министерството за информатичко општество и администрација за податоци на вработените во државната и локалната администрација, кој треба да и биде доставен најдоцна до 23-ти април.

Според роковникот, до 28-ми април треба да ги формира општинските изборни комисии, а одлуките се објавуваат во Службен весник на РМ.

Според агендата, јавниот увид во избирачкиот список почнува на 25-ти април и трае до 9-ти мај. Листите на кандидати предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до 11-ти мај на полноќ.

Изборната кампања на партиите почнува на 16-ти мај и завршува на 3-ти јуни на полноќ.