Дебата за религијата во македонското општество
Професори и претставници на верските заедници зборуваа за толерантоста, секуларноста, но и се поголемата потреба за проучување на светите книги.

Религијата може да има релативно маргинална улога во современото македонско општество, со оглед на тоа што не може да понуди универзален збир на вредности и верувања кои би биле заеднички за сите членови во општеството- заклучок од дебатата религијата во македонското општество.
Професори и претставници на верските заедници зборуваа за толерантоста, секуларноста, но и се поголемата потреба за проучување на светите книги. Директорката на комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска ја поддржа потребата за отворање религиски студии на втор циклус студии на Филозофскиот факултет во Скопје.
