„Транспортер“: Притвор за еден осомничен, за три лица мерки за претпазливост

20.04.2016 10:32

Меѓу осомничените во случајот за злоупотреба на транспорт на ученици е и градоначалникот на Битола, но за него не е побарана мерката притвор, бидејќи беше помилуван од претседателот Иванов.

Скопскиот Кривичен суд му одреди притвор на еден осомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

На уште три лица им се одредени мерки на претпазливост, потврдија за МТВ од судот. Меѓу осомничените во случајот за злоупотреба на транспорт на ученици е и градоначалникот на Битола, но за него не е побарана мерката притвор, бидејќи беше помилуван од претседателот Иванов.

Специјалното јавно обвинителство во „Транспортер“ за финансиски криминал осомничи 22 лица, меѓу кои директори на основни и нa средни училишта и фирми.