Македонија 118-та на листата на „Репортери без граници“
20.04.2016 10:51
Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, шеста година по ред има Финска.

Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на „Репортери без граници“ посветена на слободата на печатот.
Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, шеста година по ред има Финска.
Следуваат Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд. Најлошо рангирани се Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.
Општа оценка е дека слободата на печатот во 2015 година се влошила во целиот свет.
