Совет за етика: Професионално известување без разгорување тензии

20.04.2016 11:15

Ваквата реакција на Советот доаѓа по набљудувањето на медиумското известување од најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните.

Советот за етика со апел до медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не служат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството. Ваквата реакција на Советот доаѓа по набљудувањето на медиумското известување од најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните.

„Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството. Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните“, соопштуваат од Советот за етика во медиумите.

На медиумите им се укажува да дејствуваат како смирувачи на тензиите во општеството.