Жена загина, повредено дете при судар на автомобил со коњи кај Гостивар
Несреќета се случила синоќа околу 22 часот, кога возило, кое го управувал сопругот на загинатата удрило во два коња кои се движеле по автопатот.

38- годишна жителка од Мала Речица загина, повредено е 10 годишно дете во сообраќајна наесреќа на автопатот Тетово-Гостивар.
Несреќета се случила синоќа околу 22 часот, кога возило, кое го управувал сопругот на загинатата удрило во два коња кои се движеле по автопатот. Возачот не е повреден. Несреќи на овој дел од патот се чести појави, поради постојаната кражба на заштитната ограда. Пред неколку дена кумановец удри во стадо овци.
Од ударот усмртени се и двата коња. Македонија пат постојано поставува нова заштитна ограда, која непрекинато во доцните часови бесправно одредени лица ја присвојуваат за сопствени потреби, не размислувајќи за последиците во сообраќајот.
