Случај „Транспортер“: Распит на четворица осомничени во Кривичниот суд

20.04.2016 13:38

Скопскиот Кривичен суд му одреди притвор на еден осомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. На уште три лица им се одредени мерки на претпазливост, потврдија за МТВ од судот.

Во скопскиот Кривичен суд на распит пред судија на претходна постапка уште четворица осомничени во случајот „Транспортер“. Специјалното јавно обвинителство за финансиски криминал осомничи 22 лица, меѓу кои директори на основни и нa средни училишта и фирми. Специјалното обвинителство најави дека ќе поднесе и предлози за забрана за располагање со имотот за дел од осомничените.

Скопскиот Кривичен суд му одреди притвор на еден осомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. На уште три лица им се одредени мерки на претпазливост, потврдија за МТВ од судот.

Меѓу осомничените во случајот за злоупотреба на транспорт на ученици е и градоначалникот на Битола, но за него не е побарана мерката притвор, бидејќи беше помилуван од претседателот Иванов.