Заев постави два услови за да оди во Виена

20.04.2016 14:04

Првиот е претседателот Иванов да ги повлече одлуките за аболиција, а вториот е Собранието да ги одложи изборите закажани за 5-ти јуни.

За да оди на лидерската средба во Виена, лидерот на СДСМ, Зоран Заев бара исполнување два услова. Првиот е претседателот Иванов да ги повлече одлуките за аболиција, а вториот е Собранието да ги одложи изборите закажани за 5-ти јуни.

„Во координирана акција го погребаа Договорот од Пржино. Ги срушија сите принципи на коишто почиваше- организирање фер и демократски избори, одговорност за сторениот криминал, преодна влада. Заради ваквото нивно однесување СДСМ не може да се врати на преговарачка маса како ништо да не се случило. За преговарачкиот процес да стане возможен ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува“, изјави Заев на денешната прес- конференција.