Македонија дел од глобалниот натревар на НАСА
120 студенти од Македонија се вклучија во глобалниот светски хакатон натпревар на НАСА. Ќе бараат иновативни идеи и ќе креираат решенија за решавање на проблемите на земјата и животот на вселената. Најдобрите ќе партиципираат во реализацијата на проекти со европската програма за акцелирање...

Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика и географија овие два дена ќе креираат иновативни решенија, ќе бараат иновативни идеи за решавање на проблемите на Земјата, како и решенија за живот во Вселената.
„Го одбравме спејс- рут 66 предизвикот на кој ќе работиме, треба да направиме виртуелна реалност, а тоа ќе го направиме преку видео игра. Ќе видиме на крај како ќе функционира сето тоа“, вели Стефан Таушанов, учесник на хакатон натпреварот на НАСА.
Стефан со уште 120 студенти од Македонија е дел од Хакатон натпревар на Американската вселенска станица НАСА.
„Ова зборува за одличната подлога која ја направивме како држава за младите луѓе кои се подготвени да создаваат иновативни решенија во техничките науки и дека светот го препознава нашиот талент“, изјави министерката за инфомратичко општество Марта Арсовска- Томовска.
Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма која ќе им помогне да ги реализираат нивните проекти.
„Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален, а младите од Македонија имаат можност да учествуваат во конкурентна средина со млади информатичари и студенти од технички науки од целиот свет“, изјави Иван Џорбев, декан на ФИНКИ.
Минатата година на пример, презентирана е иновација која ќе ги ослободи астронаутите од јажиња со електромагнетни полиња што ќе бидат поврзани со алатките на астронаутот, што би лебделе околу него.
Наташа Јанчиќ
