Туризам

Послаб интерес за патување за Велигден

25.04.2016 10:44

Годинава е послаб интересот за патување и за аранжманите за Велигденските празници. Од туристичките агенции велат, причина е политичката криза. Сепак, Македонците во трка да ги искористат предсезонските попусти. Уплаќаат одмори за јуни и за септември...

Годинава послаб интерес за патување за Велигденските празници, според туристичките агнеции политичката криза е причина за тоа.

На два- три дена, Македонците најчесто одат во соседството, Грција или Бугарија. Многумина ќе останат дома.

„Ќе останам дома... И јас дома“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Агенциите веќе ги продаваат аранжманите за летување. Освен за Грција, туристички пакети се нудат и за Хрватска, Црна Гора, Шпанија, Италија, Турција. За повеќето дестинации има чартер летови. Некои туристи сакаат интензивни пакет аранжмани, при едно патување да посетат повеќе места. Во јуни и септември се најевтини.

Од туристичките агенции велат дека се јавуваат и граѓани со авантуристички дух, кои бараат прекуокеански дестинации, и тие летувања чинат по неколку илјади евра.

 

Наташа Јанчиќ