Акција „Геодет“: Поднесени уште три кривични пријави

25.04.2016 11:46

И во новата акција како провосомничено се јавува истото лице од „Геодет“, кое како катастарски службеник, според пријавата од финансиската полиција, незаконски направило промена во катастарската евиденција.

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против тројца скопјани за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „помагање“. Овој случај е поврзан со претходната акција „Геодет“, во која за катастарски малверзации од пет милиони евра беа упасени 19 луѓе.

И во новата акција како провосомничено се јавува истото лице од „Геодет“, кое како катастарски службеник, според пријавата од финансиската полиција, незаконски направило промена во катастарската евиденција.

На второпријавениот му бил впишан стан во државна сопственост, а третпријавениот помогнал во оформувањето на предметот, по што станот бил продаден за 16 илјади евра.