Денот на трудот и првиот ден на Велигден неработен за сите граѓани

25.04.2016 12:14

2 мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика...

Денот на трудот 1 мај 2016 година (недела), односно 2 мај 2016 година (понеделник)  е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат и дека вториот ден на Велигден според православниот календар 2 мај - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на трудот, а на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.