Зоран Караџовски - нов претседател на Судскиот совет
Караџовски едногласно е избран од 12 членови на советот. За разлика од вчера, кога противкандидат му беше судијката Лидија Каначковиќ, на денешното гласање тој беше единствениот кандидат за претседател. Негов заменик во Советот ќе биде Шемседин Јусуфи. Постои индивидуална, а не колективна одговорност беше поентата во првата изјава на Караџовски по изборот...

Ќе се спротивставам на какви било влијанија и притисоци- порача новоизбраниот престедател на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Според него, одговорноста при носењето одлуки од судиите е индивидуална и постои колективна.
На Караџовски, како што вели, не му е позната праксата за избор на судии според партиски тефтерчиња како што било споменато во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Потсети дека Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија, функционира од март годинава.
Не сакаше да ги коментира одлуките на Кривичниот суд во врска со предлозите на СЈО за определување мерка за случаите за кои поведе истрага.
Караџоски беше избран со 12 гласови „за“ и ниту еден против откако пропадна вчерашниот обид за избор кога гласовите беа поделени шест за него и исто толку за кандидатката Каначковиќ.
Фиљана Кока
