Дел од уметниците на протест

26.04.2016 15:50

Протестот под мотото „Културата не ви ја трпи тортурата“, организирани од Синдикатот на културата е, според организаторот, револт од измените во Законот за културата, ниските плати, недонесувањето на нов колективен договор повеќе од 10 години.

Членови на 20 организации во областа на културата, организирани под водство на Синдикатот на културата во Македонија, пред надлежното Министерство одржаа мирен протест. Велат дека согласно последните измени во Законот за култура, уметниците се наречени даватели на услуги во областа на културата, платите им се пониски од просечните и не се вреднува макотрпниот труд и надградувањето на уметниците.

Протестот под мотото „Културата не ви ја трпи тортурата“, организирани од Синдикатот на културата е, според организаторот, револт од измените во Законот за културата, ниските плати, недонесувањето на нов колективен договор повеќе од 10 години.

Претседателот на Синдикатот на културата, Илиески, рече дека завршиле регистрациите и дека сега во Синдикатот има 20 синдикални организации.

Нивно заедничко барање е да се запре донесувањето на Законот во првите сто дена од почнувањето со работа на Парламентот, зашто во спротивно ќе следува штрајк.