Температурните разлики- шок за организмот, на удар хронично болните
Екстремно променливите температури се на товар на здравјето на граѓаните. Климатските промени оставаат белег на секојдневниот живот. Најмногу на удар се хронично болните...

Температурните разлики - шок за организмот, на удар се хронично болните. Влијаат и врз целосното расположение на луѓето.
Тимот на брзата помош регистрира и по 100 интервенции на ден. Лекарите велат- промените се најопасни за оние со нарушено здравје. Единствен спас се терапијата и редовните контроли.
Синоптичарите велат дека температурните разлики ќе продолжат и во наредните денови. Утринските ќе паднат под нулата, дневните над 15-от степен.
Универзитетските професори велат дека поради климатските промени нѐ очекува и променливо лето. Во јуни и јули ќе има повисоки температури, за август се очекува нестабилно време со врнежи од дожд.
Невообичаеното променливо време ќе продолжи, а професорот Спиридонов вели дека последиците од климатските промени граѓаните ќе ги чувствуваат во секојдневниот живот.
Викторија Милевска
