„Фридом хаус“: Македонија неслободна за медиумите
Падот, како што е наведено во извештајот, се должи на обелоденување на материјалите за незаконско прислушување новинари, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, зголемени закани и напади врз медиумски работници.

Американската организација „Фридом хаус“ го објави изештајот на слободата на печатот. Македонија од групата делумно слободни сега е во групата неслободни земји. Ваков статус во Европа има и Турција.
Падот, како што е наведено во извештајот, се должи на обелоденување на материјалите за незаконско прислушување новинари, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, зголемени закани и напади врз медиумски работници.
Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани, присутна е автоцензурата, пазарот е поларизиран- пишува во извештајот. Македонија е една од земјите кои на полето на медиумските слободи во минатата година забележале најголем пад.
Во светски рамки, слободата на печатот лани паднала на најниско ниво во по последните 12 години. 13 проценти од населението во светот живее во земји со слободен печат, 41 процент има делумно слободен, 46 насто живеат во неслободни средини за медиумите.
