Слобода на говорот- принцип на демократијата
Како да се разбие спрегата на медиумите и политичките партии за да се ослободи поголема слобода за различни мислења и промоција на интереси на социјалните групи. Трибина за слободата на говорот ораганизирана од Европското движење за Македонија...

Во земјава постои медиумски плурализам, меѓутоа во содржинска смисла, постои медиумски сингуларизам, бидејќи не се застапени различните мислења – став на дел од учесниците на дебатата за слободата на говорот, во организација на Европското движење.
Според Сашо Клековски од МЦМС, клучен проблем е како да се разбие спрегата меѓу медиумите и политичките партии. Предлага да се користат европските искуства.
Соговорниците се осврнаа и на извештајот на „Фридом Хаус“ за медиумски слободи, при што искажаа загриженост што земјата десетина години не покажува напредок во медиумската сфера.
Игор Панов
