Случај „Ќелија“: Уште еден обвинет пред одлука да признае вина
Обвинет е за три дела, подготвен е да признае едно- уште еден во случајот „Ќелија“ за регрутирање и учество во странска паравојска сака да се спогоди со судот и да биде префрелен од Шутка во Идризово...

Судењето за случајот „Ќелија“, во издвоена постапка за петмина обвинети за учество во странска паравоена формација, одложенo по барање на одбраната. Им требало дополнително време за разгледување на доказите, но и поради подготвеноста на уште еден од обвинетите да ја признае вината. Неговиот адвокат Ефто Спировски од судот побара време за консултации со својот клиент. Судијата му одговори дека тој нема само едно, туку три кривични дела и дека ќе треба да ги признае сите.
Обвинителството прибавило докази со помош на посебни истражни мерки, но и други докази од кои се потврдува дека обвинетите меѓусебно комуницирале, но и со трети лица кои се во воените жаришта на Блискиот исток и се дел од паравоени формации.
Претходно на јавна седница за оцена на обвинителниот акт, седум обвинети, меѓу кои и оџата Реџеп Мемиши од Тутунсуз џамијата, признаа вина и им беа одредени затворски казни од 1 и пол до 7 години.
Наташа Гркова-Петрушевска
