Трамп: Државната безбедност на прво место

28.04.2016 11:34

Магнатот ја претстави програмата за надворешна политика пред гласачите во Вашингтон и истакна дека таа ќе зависи најмногу од економската и воената моќ на САД.

Фаворитот на републиканците за американските претседателски избори Доналд Трамп вети дека државната безбедност ќе биде на прво место. Магнатот ја претстави програмата за надворешна политика пред гласачите во Вашингтон и истакна дека таа ќе зависи најмногу од економската и воената моќ на САД.

Мора да престанеме да увезуваме екстремисти преку бесмислените програми. Не знаеме од каде доаѓаат луѓево. Немаат документи, немаат докуметнација. Немаме ништо. Треба да сме попаметни. Потсетете се само на нападите од 11 септември“, рече Трамп.

Трамп го обвини претседателот Барак Обама дека ги напупштил сојузниците на САД и дека го извалкал угледот на земјата особено поради лошата политика на Блискиот Исток.

Претседателот Обама не му е пријател на Израел. Тој го претвори Иран во голема сила за многу кратко време“, нагласи Трамп.

Според советниците на Трамп, ова е негов  прв говор што би можел да ги смири сомничавите Американци коишто сметаат дека Трамп веројатно нема доволно искуство да им ја води државата.