ПССЕ: Целосно спроведување на договорот и фер избори

28.04.2016 12:42

Излез од ќор- сокакот е целосното спроведување на договорот од Пржино и фер и кредибилни избори, на кои ќе учествуваат сите политички партии, оценка на предизборната мисија на Советот на Европа, која два дена ја скенираше состојбата во земјава...

Единствен излез од ќор- сокакот е целосното спроведување на договорот од Пржино и фер и кредибилни избори, на кои ќе учествуваат сите политички партии, оценка на предизборната мисија на Советот на Европа, која два дена ја скенираше состојбата во земјава.

Шефот на мисијата Стефан Шенах смета дека е потребна меѓусебна доверба, и апелираше претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција. Повика на почитување на одлуките на Државната изборна комисија, но посочи и дека веднаш по изборите, како што рече кога и да се случат, треба да се спроведе и попис на населението. Рамката на договорот од јуни и јули беше направена од Европската Унија, и таа нема да биде нем набљудувач на ситуацијата, предупреди Шенах.

„Секоја промена во стабилноста на земјава би требало да работи во функција на спроведување на слободни и фер избори. Ова е едната страна, другата страна е да се има почит кон институциите во земјата. Ако го имате тоа предвид, тоа значи дека лидерите треба да најдат решение во деновите што доаѓаат, со помош или заедно со Европската унија“, изајви Стефан Шенах, шеф на мисијата на Советот на Европа.

Копретседавачот со мисијата Лиза Кристоферсен вели дека постојаното одложување на датумот за предвремените избори ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Посочи дека се уште има време за договор меѓу партиите за да се организираат фер и демократски избори.

„Не е наша задача да кажеме која страна е во право а која не, наша задача е да набљудуваме и да известуваме за тоа. Можеме да кажеме дека договорот од Пржино не е целосно спроведен. Предвремените парламентарни избори веќе беа одложени еднаш. Очигледно дека земјата не може да продолжи да ги одложува изборите, бидејќи тоа во до тоа институциите да не функционираат“, смета Лиза Кристоферен, мисија на Совет на Европа.

Довербата во избирачкиот список е најважна. Добро ќе биде ДИК да донесе едногласна одлука, дали има услови за избори на 5-ти јуни,потенцира Шенах. Не сака да прејудицира какви чекори ќе преземе Брисел, но е сигурен дека ќе преземе. Мисијата на Советот на Европа првична информација за Македонија, најави веднаш по изборите, прелиминарниот извештај ќе го објави во октомври, а целосниот рапорт во јануари идната година.

Милчо Велески