Божиновски на распит пред истражен судија

28.04.2016 12:57

Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“.

Новинарот Зоран Божиновски, кој минатата недела беше уапсен во Нови Сад  и екстрадиран во Македонија, денеска беше донесен на распит во Основниот суд во Скопје.

Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“. Божиновски се наоѓа во истражниот суд во Шутка, а денеска за прв пат беше изнесен пред судот. 

Во случајот „Шпион“, обвинитите се теретат за оддавање државни тајни, шпионажа, а дел и за злосторничко здружување, уцена, изнуда.

За време на распитот, неколку граѓани излегоа да му дадат поддршка на Божиновски.