Стружанец со нож повредил две лица во казино во Охрид
28.04.2016 14:39
Триесет и четиригодишниот охриѓанец Н.М. е повреден во пределот на градниот кош, додека на неговиот една година повозрасен брат, напаѓачот му нанел два убода во пределот на слабината и грбот.

Триесет и пет годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, синоќа околу еден часот и триесет минути, во казиното „Адмирал“ во центарот на Охрид, со нож нападнал и тешко повредил две лица.
Триесет и четиригодишниот охриѓанец Н.М. е повреден во пределот на градниот кош, додека на неговиот една година повозрасен брат, напаѓачот му нанел два убода во пределот на слабината и грбот.
Полицијата го лиши од слобода осомничениот Б.Д. и поднесе кривична пријава против него, и уште против едно лице кое најверојатно било вклучено во инцидентот.
