УХМР: Најмногу дожд наврна во Куманово
03.05.2016 13:33
Забележано е високо ниво на воден талог и во други места во земјава...

Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Куманово, 44 литри на квадратен метар, најмалку во Прилеп, 3 литри.
Забележано е високо ниво на воден талог и во други места во земјава, додека најстудено изутрината беше во Лазарополе со само 1 степен целзиусов.
