Се одложи рочиштето за двајцата демонстранти

03.05.2016 15:15

Штетата се проценува на 880 илјади денари, односно 15 илјади евра.

Се одложи рочиштето за двајцата демонстранти, приведени на 13-ти април, за учество во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот за време на протестите.

Штетата се проценува на 880 илјади денари, односно 15 илјади евра.

Одбраната смета дека е ова вкупна штета и дека е неправично да им се стави на товар на демонстрантите. Обвинителствово има рок од еден ден да се произнесе.